Почина Силвио Берлускони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. Пред неколку месеци му беше дијагностицирана леукемија.

Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната влаедачка коалиција во Италија.

Беше сопственик на неколку медиуми, а беше и сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Милан во миговите кога тимот ги доживеа најголемите успеси во историјата.