По долга борба со леукемијата, денеска на 54-годишна возраст почина пранешниот југословенски и српски репрезентативец и член на шампионската генерација на белградска Црвена Ѕвезда, Синиша Михајловиќ, соопшти неговото семејство.
На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија. Извесен период состојабата му беше подобрена, па ѝ се врати на тренерската кариера во италијанската Серија А, но по влошувањето, се повлече од терените.
-Уникатен човек, извонреден професионалец и добар со сите. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри, кои го придружуваа сите овие години со љубов и почитување. Синиша секогаш ќе биде со нас. Цел живот ќе ја носиме во себе љубовта која ни ја пружи – наведе семејството.
Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Со Црвена Ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски, а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот. За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.
