Почина тапанарот на „Ролинг стоунс“, Чарли Вотс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, изјави неговиот публицист, a пренесува Би-би-си.

„Со огромна тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека тој починал денеска во лондонската болница, опкружен со своето семејство.

Во соопштението се додава: „Љубезно бараме да се почитува приватноста на неговото семејство, членовите на бендот и блиските пријатели во ова тешко време“.

Веста доаѓа неколку недели откако беше објавено дека Вотс ќе ги пропушти сите датуми за турнејата на бендот низ САД за да закрепне од неодредена медицинска процедура. Вотс претходно беше лекуван од рак на грлото во 2004 година.

Тој беше член на Стоунс од јануари 1963 година.