Почина убиецот на Маурицио Гучи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бенедео Серауло, убиецот на бизнисменот Маурицио Гучи, почина на 63-годишна возраст.

Серауло најверојатно се самоубил, откако го повредил својот син за време на тепачка. Серауло е поранешен платен убиец, кој во 1995 година го застрела кралот на модата Мауруцио Гучи по наредба на неговата поранешна сопруга Патриција Реџани.

Серауло почина во вторникот, една недела откако го застрела својот 37-годишен син и го повреди сериозно за време на семејна расправија. Потоа го насочил оружјето кон себе.

По пукањето, ЧЛерауло бил примен во болница во Пиза.

Истражителите веруваат дека инцидентот бил предизвикан од оштетен автомобил кој наводно го предизвикал неговиот син.

Черауло го застрела Мауруцио Гучи на 27 март 1995 година, убиство за кое сопругата Патриција Реџани отслужи казна затвор од 18 години до октомври 2016 година.