Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 09.07.2022 во 13.00 час во Полициска станица Чаир е пријавено дека во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“ – Скопје, починало осуденото лице В.Д.(51) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.