Почина Здравко Шотра, режисер на многу познати филмови и серии меѓу кои и „Зона Замфирова“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Режисерот и сценарист Здравко Шотра, кој режираше над 120 телевизиски и филмски продукции со висока гледаност и на телевизија и во кината, почина синоќа на 93-годишна возраст, јавува РТС.

Здравко Шотра е роден на 14 февруари 1933 година во Столац. Дипломирал режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1954 година, во класата на професорот Вјекослав Африќ. Вработен е во Телевизија Белград од нејзиното основање во 1958 година до 2001 година.

Шотра е режисер на некои од најгледаните домашни филмови, телевизиски серии и емисии како што се „Зона Замфирова“, „Повеќе од игрa“, „Приказни од работилницата на мајсторот“, „Ранетиот орел“ и „Лице в лице“.

Неговата серија „Повеќе од играта“ (1977), „Приказни од работилницата на мајсторот“ (1982), „Ранетиот орел“ (2008), „Гревот на нејзината мајка“ (2009) и други беа исклучително популарни во земјите од поранешна Југославија.

Зона Замфирова беше еден од најпопуларните филмови и во Македониjа откако беше снимен во 2002 година.