Почина жената која ја откри аферата на Бил Клинтон и Моника Левински

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската државна службеничка Линда Трип која ја откри секс аферата меѓу Бил Клинтон и Моника Левински, почина на 70-годишна возраст, соопштила нејзината фамилија.

Трип стана позната во 1998 година кога во процесот на отповикувње на Клинтон, понесе докази дека тогашниот претседател имал афера со Левински, што стана главниот доказ во процесот, пренесува „Би-Би-Си“.

Трип, која работела во Пентагон и која била пријателска со Левински, и покрај тоа што се разлика од 24 години, дознала дека Левински има сексуални односи со Клинтон, и почнала да ги снима разговорите во 1997 година.

Откако дознала дека Трип е болна, на Твитер и посака брзо опоравување.

„Без оглед на минатото, веднаш штом слушнав дека Трип сериозно болна, се надевам на нејзино брзо закпренување. Не можам ниту да замислам како и е на нејзината фамилија“, напиша Левински.