Почна пред 10 години но сè уште не е завршен – за домот на културата во Матејче потребни се уште 22 милиони денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проектот за изградба на домот на културата во село Матејче, општина Липково почна пред повеќе од 10 години  но се  уште не е завршен за да биде целосно функционален. Дел од објектот каде што треба да се смести администрацијата е завршен многу порано, со финансии од ИПА фондовите на ЕУ и фондови преку Министерството за култура. Градоначалникот на Липково Еркан Арифи за ТВ21 рече дека потребни се уште фондови за целосно да биде завршен бидејќи до сега завршена е втората фаза, а тоа е карабината.

„Потребни се уште 22 милиони денари врз основа на програмата за развој на општина Липково усвоена од општинскиот совет и главниот проект за да се заврши овој проект и еднаш засекогаш да биде пуштен во функција“, истакна Еркан Арифи.

Арифи истакна дека во текот на 2021 Министерството за култура го одбило барањето на општината за текот на работите. Тој додаде  дека ќе продолжат да аплицираат во министерството но ќе бараат и други европски фондови за финализирање на објектот.

„Во 2021 ние како општина аплициравме во Министерството за култура со тој проект за да го продолжиме другиот дел од објектот, но од министерството не  прифатија поради состојбата со ковид, средствата беа наменети за состојбата  со пандемијата. Нам како општина приоритет ни е да обезбедиме средства за да го завршиме објектот кој е започнат многу порано и мислам дека за овие две години ќе биде завршен“, додава Еркан Арифи.

Инаку со помош од бирото за  развој на неразвиени региони, со околу 3 милиони денари и самофинансирање од страна на општината со сума од 1.5 милиони денари објектот  е бојадисан и поставени се врати и прозорци . Прашавме во Министерството за култура а од таму рекоа дека проектот не е во нивна надлежност и дека овој дома на културата е со локален карактер.