Почна спроведувањето на третата вакцина – најмногу заинтересирани се лицата над 60 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петнаесет граѓани беа имунизирани во малата сала на Спортскиот центар Борис Трајковски до пладне со третата доза вакцина против ковид. Иако е прв ден кога се применува третата бустер доза, интересот на граѓаните е на високо ниво, велат лекарите ангажирани во овој пункт за вакцинација.

На пунктовите за вакцинација голем број на граѓани без заинтересирани за третата доза, но според препораката на Комитет за имунизација, таа може да даде на само три категории граѓани.

„Од денеска третата доза на вакцината е пристапна за сите граѓани над 60 години, за сите здравствени работници и лицата со хронични болести, независно од возраста“, истакна Алмедина Исмајли.

ТВ21 анкетираше некои лица постари од 60 години кои се вакцинираа со првата или втората доза, за тоа дали се подготвени да ја примат третата доза по шест месеци. Тие имаа поделени мислења. За една госпоѓа две дози се доволни, додека другите граѓани рекоа дека ќе постапат според препораките дадени од здравствените експерти.

„Да, како не, ќе ја земам. Ќе ги земеме сите по ред како што ни велат“, вели граѓанин.

Третата доза на вакцината се дава само од „Фајзер“, а дополнително ќе се следат препораки за можна употреба на вакцини од други производители. За да ја примите третата доза од вакцината против ковид, мора да поминат шест месеци од имунизацијата во две дози. Третата доза може да се земе во било која точка за вакцинација без термин.