Осум месеци после трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани која одзеде 63 животи, денеска во судницата во Казнено-поправната установа Идризово, започна судскиот процес. Првото рочиште почна во 9:30 часот, со засилени мерки за безбедност и присуство на медицинскиот тим.
Во обвинението се опфатени 38 лица, од кои 35 физички и три правни лица, кои се товарат за кривични дела против јавната безбедност.
Според истрагата, трагедијата е резултат на долгогодишни пропусти и непочитување на безбедносните мерки.
Критичниот моемнт настана на 16 март оваа година за време на настап на групата „ДНК“ кога биле активирани пиротехнички средства без дозвола, по што од искра се запали кровната конструкција на дискотеката, по што потоа се проширил и придонел за задушување во настанатата паника кога лицата кои биле внатре се обидувале да излезат од објектот, кој не исполнувал услови за намената.
Со процесот ќе раководи судијата Диана Груевска-Илиевска, која има 19 годишно искуство и долга листа на високо профилирани предмети, меѓу кои и за несреќата во Ласкарци.
