Почна увидот за причината на пожарот во „Глобал“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утринава јавен обвинител од ОЈО Струмица го започна увидот за можните причини за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“, кој избувнал во саботата во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

Увидот се врши од страна на надлежниот јавен обвинител увидот во координација со увидна екипа од крим техника при МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви, како и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар.

Повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.

Јавниот обвинител издаде наредба за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи, односно ресивери од видео камери поставени во трговскиот центар.

Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Во пожарот била опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот.