Почнаа да важат новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските државјани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почна со работа новиот дигитален систем за влез и излез на граничните премини во земјите членки на ЕУ. Системот (ЕЕС) го имаат сите членки на Шенген зоната на граничните премини на надворешните граници.

Новите правила ќе се имплементираат постепно, а процесот, како што претходно беше најавено, целосно треба да заврши до април наредната година.  

Земјите членки на Шенген зоната ќе започнат со електронско регистрирање на податоците на државјаните на трети земји кои не се дел од ЕУ. Правилата важат и за македонските државјани, кога ќе ги премнуваат границите на 29-те земји за престои не подолги од 90 денови.

За време на постепоното воведување на ЕЕС, земјите членки на Шенген зоната можат самостојно да одлучат на кои гранични премни ќе го имплементираат системот и кога.

По истекот на шест месеци, ЕЕС системот ќе треба да се применува во сите гранични премени, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи. Новито систем предвидува граѓаните кои не се дел од земјите од Шенген зоната, да остават биометриски податоци (фотографија и отпечаток од прст), при првиот влез во земја од ЕУ.

„При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) на земјава на 1 октомври, објаснувајќи ги деталите за новиот систем.