Поднесени тужби – се бара да се забрани и апликацијата Телеграм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во последниве недели, можевме да сведочиме дека „лонецот“ наречен „социјални мрежи“ започна жестоко да врие, а најновите вести покажуваат дека тоа нема да запре наскоро.

Ватсап беше на чекор до промена на условите за користење, а благодарение на истото ќе разменуваше кориснички податоци со Фејсбук.

Апликациите како „Телеграм“ и „Сигнал“ доживеаа нагло зголемување на бројот на корисници, кои очигледно биле незадоволни од новите измени (кои се одложени) на Ватсап и решија да најдат алтернатива.

Најголемите социјални мрежи исто така се на напад на јавноста поради немирите во Вашингтон, а компании како Гугл и Епл ја отстранија платформата Парлер од „продавниците“ за апликации.

Компанијата „Епл“ сега е тужена од Коалицијата за побезбеден Интернет затоа што компанијата не забранила пристап до апликацијата „Телеграм“, како што тоа го сторила со мрежата „Парлер“, бидејќи наводно ја користеле екстремисти кои учествувале во нападот, пренесува „Зимо“.

Во тужбата поднесена во неделата од амбасадорот Марк Гинсберг и коалицијата се посочува дека „Епл“ знаел дека „Телеграмот“ се користи за заплашување, закана, поттикнување на расизам, како и говор на омраза.

„Телеграмот делува како супер-распрснувач на омраза, дури и кога ќе се спореди со апликацијата „Парлер““, истакнал Гинсберг.

Поднесена е и тужба против Гугл. Телеграм е апликација чија база е во Дубаи, додека нејзин креатор е „Русинот Марк Цукерберг“, односно Павел Дуров. Тој ја напуштил својата родна земја во 2014 година, откако неговата социјална мрежа „Vkontakte“ била преземена со сила од Кремљ.