Поетски средби „Илирска божица Тана“ во Кичево – поети од цел свет рецитираа онлајн!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ти си како сончева светлина во темнината што ја допираш како морски бранови , кој ќе ти го покаже патот ќе ти каже дека сум мртва“, вели поетеса.

На Кичевското кале започнаа меѓународните поетски средби кои се одржаа седма година по ред. Поетите од Кичево се собраа да ја рецитираат својата поезија и да го одржат жив поетскиот дух во земјава. Организаторот и писател Адем Џеладини рече дека 6 години имавме поети од многу држави, но оваа година сме ограничени, немаме можност да создадеме услови според протоколите.

„Се собравме членовите на албанскиот клуб “Пенестија“ од Кичево и стана традиција да одржиме по еден книжевен час на отворено и овде ќе го започнеме книжевниот час“, посочи Адем Џеладини.

Во рамки на овие средби “Илирската божица Тана“ се промовираа и неколку нови книги од кичевски автори, за да продолжи потоа со онлајн поетски средби со поети од сите краишта.

Поради пандемијата средбите со поетите од другите земји низ светот се одржаа преку онлајн платформа.

„Вообичаено нашите поетски средби ги одржувавме сите заедно но сега поради околностите со пандемијата, се собравме на ваков начин се со цел да го одржиме поетскиот и слободен збор“, додаде Мирије Врангала.

На оваа средба преку онлајн платформата своја поезија рецитираа поети од Англија, Франција, Албанија, Косово, Македонија, Индија, Словенија итн.