Погледнете што остана од ТЦ „Глобал“ во Струмица по големиот пожар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа, (сабота) 02.01.2021 година во 23.12 часот избувна голем пожар во ГТЦ Глобал.

ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезе на лице место. Согледувајки ја сериозноста и големината на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на единицата и тоа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила.

Image may contain: food

Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода.

Image may contain: night

Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев. Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути.

Image may contain: night and outdoor

Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета.