Поголеми акцизи на нафта за полнење „дупки“ – расходите се зголемуваат, „шокот“ од коронакризата мора да се ублажи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на новиот вирус, голем број на компании не работат. Со тоа намален е процентот на наплатата н ДДВ-то, односно се намалува полнењето на буџетот.

Една од антикризните мерки за пополнување на дупките веројатно ќе биде зголемена акциза на нафтата. Се уште владата не одлучила колку би се зголемила, но сепак се дискутира за ова и се бара најдобриот модел.

Министерката за финансии ова го правда со падот на цената на нафтата на светските берзи во изминатиот период, а ниската цена според неа дава простор за зголемување на акцизите со цел да се покријат дупките во буџетот, кои сакале или не подоцна граѓаните ќе мора да ги плаќаат.

„Цената на нафтените деривати кај нас е значително пониска од земјите во регионот, акзицата исто така е значително понала. Не разговараме за мерка која што во овој момент значи трајно зголемување. Разговараме за антикризна мерка, која што ќе значи за доброто на сите и доброто на граѓаните. Зошто? Затоа што при вакви услови, при вакви падови на цената на нафтата имаме можност да ја надополниме дупката во буџетските приходи кои доаѓаат по основ на акзицата, а која што би била поголема. Секако дека сите ние во даден момент ќе ја враќаме“, истакна Нина Ангеловска.

Се разгледува и можноста за зголемување на акцизата и за екстра лесното масло за домаќинство, но како што вели министерката тоа нема да биде комплетно изедначување со нафтата. Економска оправданост за зголемување на акцизите има, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Не треба да се грижиме само за страната на расходите од буџетот, истовремено треба да се грижиме и за страната на приходите. Што значи дека, можност и економска оправданост има и со тоа ако се донесе предлог од страна на Министерство за финансии, било тоа да е за 2 или 3 денари, ние како Министерство за економија ќе го подржиме, со механизмот, ако се зголемат цените, акцизата да се намали“, вели Крешник Бектеши.

Ефектите од ударот врз економијата веќе се чуствуваат. Според проекциите на Министерството за финансии се очекува најголемиот удар да биде во вториот квартал и падот на економијата да биде 15 проценти. Пред крајот на годината се очекува одредено опоравување.

Според меѓународниот монетарен фонд се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка.