Покана од Таравари до Села? „Сите се добродојдени, врата е отворена и за Села“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Оваа куќа е отворена и голема. Сите се добредојдени.“

Ова беше одговорот кој вчера претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари го даде на прашањето дали е можно евентуално повторно спојување со Зијадин Села. Што точно мислеше со оваа изјава и дали е можно евентуално помирување и соединување на разделените членови на партијата, но и заедништво со Села.

Дали со ова Таравари отворено му дава покана на поранешниот сопартиец?

„Веќе 90 посто од партијата се тука, 10 посто се останати. Пред 10 дена дојде, градоначалникот на Врапчиште кој што беше во другата страна и се припои, јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, е добредојден“, вели Таравари.

-А Села?

Таварави: Ако сака добредојден е, отворени се вратите.

Го контактиравме и претседателот на другиот дел на партијата Алијанса за Албанците Зијадин Села, но тој ни рече дека не сака да коментира ништо.