Пола Битола вечерва остана без струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва без електрична енергија од 21 часот остава пола Битола.

Без струја беше и дел од централното градско подрачје, двете населби Ушици, Баир, како и други делови од градот.

Од ЕВН за СДК.мк потврдија дека нема електрична енергија во дел од градот, а додаваат дека екипите се на терен и работат на случајот.

Прекинот на електрична струја траеше околу еден час.