Полемика за Евровизија: Франција нема да поднесе претставка против Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без оглед на резултатот од тестот за наркотици на кој ќе се подложи пејачот на Менескин, победничката италијанска група на Евровизијата 2021, Делфин Ернот, претседателката на Франс Телевизија, објаснува дека сака да победи „лојално“, а не преку жалби, јави дописникот на МИА.

И покрај полемиките, Италија не ја украде својата победа на Евровизија. Ова е пораката што Делфин Ернот ја пренесе во интервју дадено за „Ле Паризиен“. Франција, која се најде на второто место благодарение на перформансите на Барбара Прави, нема намера „да поднесе претставка“, вели претседателката на „Франс Телевизис“, кој управува со делегацијата на триколорите.

Големиот фаворит на ова натпреварување, победата на италијанската група Менескин беше нарушена по обвинувањата против Дамиано Давид, пејачот на групата, обвинет дека консумирал дрога во текот на вечерта.

На видео кое стана вирално, можеме да се види, без сликите да бидат многу јасни, со главата навалена над масата на италијанската делегација, како да консумира кокаин. Со цел да ги замолчи лошите јазици, 22-годишниот пејач доброволно ќе направи тест, како што објавија организаторите.

-Без оглед на резултатот од тестот, Франција нема намера воопшто да покрене протест. Гласањето е исклучително јасно во корист на Италија. Тие не ја украдоа нивната победа и тоа е она што е важно, продолжи Делфин Ернот. Без претставка на Франција, класификацијата не може повеќе да се измени без оглед на тоа што ќе се случи.

-Евровизија е здраво натпреварување, без голема работа, со многу фер-игра и пријателство помеѓу тимовите и мора да го задржиме тој дух. Сакаме да победиме, но ќе бидеме среќни да одиме следната година во Италија. И ние ќе победиме чесно, вели Ернот.

Барбара Прави, која се најде на второто место со Воила, најдобар француски пласман за 30 години, исто така беше незаинтерсирана од полемиката околу Италијанците.

-Веќе мене, пред сè, не ми е гајле малку. Тоа се работи што не ме засегаат. И, пред сè, она што е реално е дека станува збор за луѓе кои беа избрани од јавноста и од жирито. После ако пијат дрога, ако ги стават гаќите наопаку или нешто … Не е мој проблем, коментираше таа во неделата вечерта во вестите во 20 часот на телевизијата Франс 2.

Што се однесува до пејачот на Менескин, тој постојано ги отфрла обвинувањата, како што тоа го стори од прес-конференцијата по доделувањето на трофејот во саботата во Ротердам.