Хуманитарниот лет организиран од министерството за надворешни работи од Виена (Австрија), полета со 161 македонски граѓани.
Ова е само еден од низата хуманитарни летови организиран од МНР за враќање на „зарабони“ македонски државјани низ земјите во Европа. Претходно беа организирани летови од Валета (Малта), Загреб (Хрватска), Минхен и Бон (Германија).
Во текот на денешниот ден ќе има уште еден хуманитарен лет од Базел (Швајцарија).
Сите патници ќе бидат сместени во државен карантин од 14 дена.
