Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд, доби 22,5 години затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицаецот Дерек Шовин, убиецот на афроамериканецот Џорџ Флојд, доби казна од 22,5 години затвор.

На денешното изрекување на казната, говореше и седумгодишната ќерка на Флојд, која истакна колку и недостасува нејзиниот татко.

„Ми недостасува да си играме. Сакам да знам што му се случило, па не е тука. Еден ден повторно ќе си играме заедно, а тој ќе ми помага во се како некогаш“, истакна Џијана.

Шовин претходно се изјасни невин по сите три обвиниенија, и се повика на петтиот амандман, односно, одбил да одговара на прашањата на поротниците и на обвинителите. Тој е обвинет за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен. Во минатото не бил осудуван, па судијата и тоа го земал во предвид.

Флојд почина во мај од последици на гушење откако Шовин го држел своето колено на неговиот врат повеќе од девет минути во тек на приведувањето. Флојд е приведен затоа што се обидел да купи цигари со фалсификат пари од 20 долари.