Полицајка од Гњилане убила четири членови на семејството, па се самоубила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На улица во близината на центарот на Гњилане, денеска околу 13 часот имало пукотници. Ова го потврдија од полицијата во Косово.

„Косова прес“ пренесува дека полицискa службеничка во Гњилане убила четворица членови на семејството, а потоа се самоубила. Некои медиуми пишуваат дека полицајката си ги убила нејзините родител и двајцата браќа, а потоа си пресудила себе си.