Полицијата апси криумчари на артефакти во битолско и тетовско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во тетовско и битолско, дознава ТВ21.

Според нeофицијални информации, до сега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.

Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.