Полицијата приведе четири лица поради пронајдена дрога

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 13.05.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Во 23.15 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода С.Р.(55) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

Во 23.15 часот на подрачје на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

Во 20.20 часот на подрачјето на Аеродором од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.Б.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.