Полициска акција во Скопје: Приведен 19-годишник, одземени дрога и пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Деветнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла марихуана, а при подоцнежен претрес во неговиот дом биле откриени и бела прашкаста материја и пари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 9 ноември, околу 18:40 часот, на пешачка патека покрај реката Вардар, на подрачјето на Ѓорче Петров.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го запреле и извршиле преглед на Ф.С. (19), при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По приведувањето, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, бил извршен претрес во неговиот дом и други простории. Притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.