Полициски единици на секој раскрсница во Скопје. Најпопуларната улица „Македонија“, празна. Вака е сликата вечерва во Скопје по 21 часот откако на сила стапи мерката на Владата – полициски час.
Со оваа мерка забрана за било какво движење се изрекува на сите лица. Со посебна дозвола или пак случаеви кои се во животнозагрозувачка ситуација може да се упатат до Клиника, како и лицата на кои им е потребна дијализа.
ТВ21 беше на терен точно во 21 часот. Забележавме медиумски екипи во центарот на градот кои известуваа за мерката која прв пат се применува во нашата држава.
