Полицискиот час го прекршиле 49 лица, 512 санкции за неносење маска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Четириесет и девет лица  лица не ја почитувале забраната за движење од 20.00 часот (11.04.2021) до 05.00 часот (12.04.2021), додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 512 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.