реклама

Полог на мака со палењето депонии – изгасната во Дебарце, запалени други две во Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

По осум дена конечно е изгаснат пожарот во депонијата на селото Дебарце во општина Желино.

Од општината велат дека ваквата состојба била толку тешка што не било можно да се запрат пламените јазици.

реклама

На предлог на министерот за внатрешни работи, контактирана е фирма од Битола, која со посебни препарати го изгаснала пожарот. По оваа интервенција, локалните власти одлучија да ја префрлат депонијата на друга локација и да се отстрани од  сегашната локација.

„Во координација со Центарот за управување со кризи се обидовме да го изгаснеме пожарот и од земја и од небо и не успеавме да го изгаснеме пожарот. Вчера добивме препораки за компанија со големо искуство во оваа област, а денеска сме сведоци дека депонијата е изгасната. Посветени сме на дислокација на оваа депонија“, вели Јасин Шаќири.

реклама

Од противпожарната единица во Тетово велат дека во Тетово во моментов горат уште две диви депонии. Едната е во селото Селце и една на пат кон селото Џермо.

„Двете депонии во Полог, едната во Селце и едната на пат кон Џермо , двете депонии се многу големи депонии за кои мораме да го донесеме повторно експертот од Битола од каде имаат препарат што до сега не сме го виделе и се многу  големи депонии од каде се шири лоша миризба во градот Тетово“, порача Авни Амети.

реклама

Само во последните 24 часа во Тетово имало повеќе од 20 пожари, велат од противпожарната служба, додека два месеци во Тетово и околината изгореле повеќе од 4 депонии.

Депониите прават голем проблем во општините Полог, бидејќи штом ќе се исчистат, истите ги создаваат самите граѓани.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама