Полошкиот регион бара продолжување на зимскиот распуст – „Училиштата да се водат како станбени, а не индустриски објекти“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општините од полошкиот регион бараат зимскиот распуст на учениците да трае два месеци, а часовите да се надокнадат во текот на летото. Оваа идеја ја предложи градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, а ја поддржа и градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. Таравари вели дека Министерството за образование треба да ја поддржи оваа идеја бидејќи сметките на училиштата се трипати повисоки.

-Бидејќи сметките се три до четири пати повисоки од минатата сезона, идејата е месеците кога е најладно, декември, јануари, февруари, ако е можно, да се договориме со сите општини, два месеци да биде зимски распуст или размислете за идејата за дигитални одмори што ги користевме за време на пандемијата. Зошто и сега да не се заштеди струја, или одморот на учениците нека биде или декември, јануари или јануари, февруари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август-вели Таравари.


Таравари вели и дека во текот на зимскиот период работното време на администрацијата треба да се намали на шест часа без пауза.

-Работното време ќе го намалиме на шест часа за да нема паузи. За училиштата веќе дадовме упатство дека спортските сали не работат во текот на зимата. Наставата по физичко теоретски треба да се одржува во училници, во ходниците да нема греење, само во училниците и побаравме од директорите да штедат струја колку што можат-вели Таравари.


Деветте општини од полошкиот регион ќе и предложат на ЕВН Македонија училиштата да не се сметаат за индустриски објекти, туку да се сметаат за станбени објекти. Истите општини донесоа одлука за намалување на јавното осветлување во текот на зимата.