Половина од семејниот буџет оди за храна, најмногу се јадат леб и компир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонските домаќинства во 2024 година трошеле 50,8 проценти од семејниот буџет за храна и безалкохолни пијалаци, покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник 2025“ на Државниот завод за статистика.

Во просек, за овие потреби биле издвојувани околу 159.750 денари годишно, најмногу за месо, млеко и млечни производи, како и за житни производи. Најчесто на трпезата се наоѓале леб – 172,3 килограми и компир – 64 килограми годишно по домаќинство.

Од месо најмногу се консумирала живина, додека најмалку овчо и јагнешко, а од пијалаци доминирале безалкохолните со 181,6 литри годишно. Истражувањето е спроведено врз основа на Анкетата за потрошувачката на домаќинствата, опфатени со примерок од над 5.000 домаќинства.