Жителите на речиси половина од Загреб утрово останаа без греење, а од градската топлана соопштија дека екипи се на терен и се обидуваат да го отстранат дефектот.
Засега нема подетални информации за каков дефект станува збор, пренесе порталот Index.hr.
Граѓаните пријавиле дека радијаторите се ладни во следните делови на Загреб: Запруѓе, Јакушевец, Утрини, Дугаве, Травно, Слобоштина, Сопот, Сигет, Сигечица, Боровје, Цвјетно, Савица, Мартиновка и Дубрава.
Топланите сè уште немаат објавено официјално соопштение за дефектот на својата веб-страница.
Во моментов не е познато кога ќе биде нормализирано снабдувањето со топлинска енергија во деловите од градот што останаа без греење.
