Руските тајни служби стојат зад огромниот пожар што речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск, по една година истрага за случајот.
Туск на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека веќе е сигурно познато оти големиот пожар во трговскиот центар е подметнат по наредба на руските тајни служби.
Тој изјави дека тие дејствија биле координирани од лице кое живее во Русија, како и дека некои од сторителите се веќе во притвор, додека другите се идентификувани и се бараат.
ФОТО: Архива
