Борбени авиони на Полска пресретнал и придружувале руски авион кој извршувал извидувачки лет во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, без пријавен лет и со исклучен транспордер, објави Ројтерс.
Инцидентот се случил во делот на меѓународниот воздушен простор кој е под контрола на полските воздухопловни сили.
Пресретнатиот авион бил ИЛ-20, но не го нарушил воздушниот простор околу Полска, објасни полската армија.
Рускиот авион бил откриен вчера и пресретнат од два полски борбени авиони МИГ-29. Пилотите и борбените сили воспоставиле визуелен контакт со авионот, и го испратиле надвор од спорниот воздушен простор, пишува министерствоот за одбрана, и објави фотографии од авионот.
Портпаролот на војската изјави дека пресретнувањето се случило над водите северозападно од балтичкиот крајбрежен град Устка.
ФОТО: Архива
