Полскиот премиер Туск: Путин никогаш нема да биде наш пријател!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Господинот Путин не е наш пријател и никогаш нема да биде“, изјави полскиот премиер Доналд Туск, откако претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече рускиот лидер пријател.

Иако нагласи дека не е негово да го коментира дипломатскиот речник на американскиот претседател, Туск рече дека изреката „пријателот на мојот пријател е и мој пријател“ не важи во овој случај.

Тој ја даде изјавата пред средбата со европските сојузници на Украина во Берлин, на која, меѓу другото, се разговараше за директното вклучување на Европа во мировните преговори меѓу Москва и Киев, како и за барањата на двете земји.

Полскиот премиер, чија земја е меѓу оние со кои Вашингтон одржува одлични односи за време на администрацијата на Трамп, рече дека безбедносната соработка меѓу САД и Полска е насочена „против потенцијалните руски закани“. Тој повторно ја поддржа идејата за постојана американска воена база во Полска.

Туск најави дека ќе ја посети Украина на почетокот на следниот месец.