Полусрушени објекти во центар на Куманово, место предвидено за општинска зграда, но и натаму во приватна сопственост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа мрежа е единственото нешто што го држи овој полусрушен објект во центарот на Куманово. Иста судбина можат да имаат и останатите објекти, кои поради тоа што се стари и дотраени, од ден на ден ризикуваат да паднат. Минувачите се жалат за ризикот што ги демне и бараат општината да преземе нешто.

-Мислам дека се многу опасни и треба да се реновираат. Мора да се преземе нешто. Објектите се вакви долго време, така што навистина мора да се преземе нешто.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски чека правна разврска, бидејќи објектите се приватна сопственост и општината нема надлежност да се интервенира.

На прашањето – за колку време може да се очекува реализација, Димитриевски одговори дека веќе 3 години чека правен исход од надлежните органи за решавање на овој проблем. Инаку, овој објект во центарот на градот во ваква состојба е веќе две години.