ТВ21 успеа да контактира со пратеникот Кастриот Реџепи.
Рече дека е добар и одлично се чувствува.
Во понеделник, ќе биде гостин во живо во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21.
Инаку, пратеникот денеска излезе со статус на Фејсбук во кој рече дека во понеделник ќе излезе пред јавноста и ќе даде појаснувања околу своето не појавување на собраниската седница за гласање недоверба на Владата.
По ова следуваше и Фејсбук статус на лидерот на Беса, Биљал Касами, кои посочи дека го разрешува од сите партиски функции и дека веќе не е член на Движење Беса.
