Пописот се одложува – ќе се спроведе на есен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција истакна дека со премиерот Зоран Заев се договориле пописот да се одложи.

Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 3 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена и апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври.