Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. T=21°C. P=979hPa. U=75%. V=4m/s.
Утре ќе има повремен локален дожд, а во вторник преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.