Попладнево нов земјотрес кај Маврово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 16 часот и 06 минути регистриран е нов земјотрес со епицентар во близина на Мавровското езеро.

Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,2 степени по рихтер, а го почувствувале само жителите во близина на епицентарот.

Серија мали земјотреси на иста локација имаше и во претходните денови.

Од Сеизмолошкиот центар велат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.