Полиња под вода, преполни канали, поплавени улици, куќи во опасност од поплави… Ваква е состојбата во струшкото село Мороишта.
Селото веќе неколку дена изгледа вака, но најтежок ден за жителите бил вчерашниот, кога како што велат, во страв чекале кога водата ќе им влезе во домовите, исто како и пред 4 години.
Како што раскажуваат, ова сценарио се случува секоја година, но никој не ги посетува за да ја процени предизвиканата штета и ризикот кој им се заканува.
Жителка вели дека стравуваат да не се случи она што се случило пред 4 години, кога водата ги поплавила нивните домови.
Претседателот на Месната заедница, Ацо Поповски, вели дека секоја година се соочуваат со проблем од ваква природа.
Поплави имаше и во други делови од Струга. Поплавени беа главно улиците во градските населби, велат жителите, но не се регистрирани големи материјални штети.