Поплави во Бугарија, eдно лице загина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обилни врнежи од дожд и поплави во Бугарија. Едно лице загина.

Во општина Царево е прогласена вонредна состојба, а во Бургас делумна вонредна состојба.

Регистрирани се 220 литри на метар квадратен во општина Царево.

Автопатот Хемус е привремено затворен во двата правци поради чистење. А десетици населени места останаа без електрична енергија во Северозападна Бугарија.

Во тек е евакуација на граѓани во повеќе општините.