Поплави во Кичево – многу куќи поплавени, над 200 лица евакуирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Куќи полни со вода, поплавен и уништен мебел, расипани машини, нефункционална бела техника, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. Во Подварош околу 50 куќи, кои се во близина на Зајаска река се поплавени, а жителите ја опишуваат ужасната ноќ што ја преживеале.

„Досега вакви поплави не сме виделе, се поплавивме за 10 минути“, вели жител.

„За половина час се наполни со вода, стигна до еден метар, еве го нивото на водата до куќата“, вели жител.

„Успеав да изнесам само два автомобили од гаражата, толку беше. Во 11 часот водата беше до тука, максимум за еден и пол час“, вели жител.

Водата се повлекла, но штетите се големи и непоправливи, особено во населбата Прилепска, каде водата стигнала речиси до покривите од куќите.

„Водата стигна до покривот, немаме решение да се вратиме во овие куќи, за тоа барам од Владата и институциите да најдат решение за нас“, вели жител.

„Не можеме да влеземе во куќите, паднале ѕидовите, сè е разрушено, не може да се живее, сме на улица“, вели жител.

Над 200 жители се евакуирани во спортската сала Иванидол. Некои од нив имаат документи за социјални станови, но сè уште не ги добиле. Тие бараат становите веднаш да им бидат предадени.

„Жално е, со сите деца сме на улица, немаме каде да одиме, ниту јас, ниту тие“, вели жител.

„Од 30 станови, над 200 се со ознака и име и презиме, каков е проблемот сега што не ни ги даваат?“ – вели жител.

„Овие станови што ни беа доделени, за нив плативме 200 евра, долу во квартот немаме каде да живееме повеќе“, вели жител.

„Сакаме да ги добиеме становите бидејќи сите наши соби се поплавени“, вели жител.

Екипите на општината и Црвениот Крст во Кичево остануваат на терен за да го исчистат коритото на реката и да им помогнат на евакуираните.