Поплави во Србија: Села кај Лесковац и Пирот под вода – прогласена вонредна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Драматичните фотографии од селото Рсовци кај Пирот покажуваат дека од утрово ситуацијата е на работ на катастрофа.

Делови од Лесковац, Власотинце и околните села, места околу Ниш и Прокопје, вклучувајќи ги општините Доjeвац и Житораѓа каде е прогласена вонредна состојба, како и некои населени места во Пирот и неколку села во подножјето на Стара Планина, осамнаа утрово под вода.

Спасувачките екипи и полицијата се на терен, а на некои места припадници на противпожарната служба пристигнале на помош.

Од ЈП патишта Србија се наведува дека неколку патишта биле затворени – патот до граничниот премин Градина кај Димитровград, што води кон Бугарија, додека реката Јужна Морава се излеала на локалниот пат кај Бујановац.