Еден од авторите на Рамковскиот договор и актуелен советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, професор Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека меѓуетничките односи имаат една развојна позитивна линија од Охридскиот договор до денес.
Тој додава дека до Охридскиот договор и конфликтот во 2001 година, кој што почнал, според негово мислење, со друга идеја за територии, сепак после 5-6 соопштение по потпишување на Призренска декларација каде биле повикани Али Ахмети, Арбен Џафери и Имери ја потпишале таа декларацијата дека Албанците се борат за права и рамноправност во Македонија која што, исто така, е нивна татковина.
„Анализите на податоците кои се вршеле покажуваат дека рамноправноста што беше прогласена во АСНОМ, и правата што беа доделени на Албанците дефакто не се остваруваат и дека Албанците до 901 година беа дефакто дискриминирани во одгомен процент“, вели Поповски.
