Црнечки активисти. со извици, свирежи и гласно негодување, предизвикаа инцидент на предизборниот настап на Хилари Клинтон во Атланта, во сојузната американска држава Џорџија.
Клинтон, која учествува во трката за добивање номинација од Демократкста партија на САД за претседателските избори во ноември 2016 година, беше попречена да го продолжи својот предизборен говор, во моментот кога таа зборуваше за потребата од реформирање на американскиот правосуден систем.
На настапот што беше означен како „Афроамериканците за Хилари“ имаше околу две илјади луѓе.
Во својот говор Клинтон се осврна на зачестените пукотници по улиците и за употребата на огненото оружје од полицијата, порачувајќи дека ако биде избрана за претседател на САД, ќе ја продолжи политиката што за овие работи ја води актуелниот претседател Барак Обама.
Нејзиното излагање, во тој момент, беше прекиното од извиците на десетина црнечки активисти кои остро протестираа против бруталноста на полицијата, присутниот расизам и чувањето во полициски притвор.
