Неофицијално, се почнало со предлогот на Бујар Османи за нов мандат во Влада. Овој предлог предизвикал остри и неприфатливи реакции од раководството на огранокот на Чаир.
Извори на ТВ21 од огранокот Чаир велат дека биле подготвени за министер да биде предложен Артан Груби, иако таа одлука не била делегирана од нивниот огранок, сепак раководството на огранокот Чаир направила напори за усогласување на ставовите и ја прифатиле одлуката на претседателот Ахмети, Груби да биде предложен за министер во новата Влада.
Ситуацијата ескалирала кога слушнале дека освен Груби, Ахмети предложил Бујар Османи да добие нов мандат. Овој предлог предизвикал голем ревот кај раководството на огранокот на оваа партија во Чаир.
Аргументите на овој огранок се во правец на тоа дека носителот на листа кој истовремено е и претседател на овој огранок, и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити дал одлични резултати во зона 1 но и во дел на втората зона каде е зголемен видно бројот на гласови на ДУИ за разлика од претходните избори во 2016 година и локалните избори во 2017 година. Од овој огранок велат дека Меџити работел многу, но и дал многу ветувања и дека со овие предлози за министри не можат да се реализираат дадените ветувања на електоратот. Велат дека потпретседателот на партијата требало да биде консултиран за предлозите на партијата за министри, посебно за предлозите кои доаѓаат од Чаир.
Од друга страна, други извори велат дека лидерот Ахмети високо ја оценил работата на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и како признание го предложил за нов Министер за надворешни работи и дека оваа одлука на претседателот треба да се почитува.
Деновиве во Скопје се одвиваа многу средби, со многу посредници. Имало посредници и од Косово и од Албанија. Влијателни бизнисмени правле средби со цел да ги доближат ставовите меѓу претседателот и потпретседателот на ДУИ.
Од друга страна, извори на ТВ21 велат дека Ахмети не планира да се премисли и дека одлука е конечна. Исто така, извори на ТВ21 велат дека Изет Меџити има влијание, почит и голема власт во партијата и затоа треба сериозно да се земе предвид неговото мислење. Барем, да има компромис. Извори на ТВ21 велат дека Изет Меџити никогаш нема да гласа Бујар Османи да стане министер.
Освен огранокот на Чаир, и огранокот на Сарај има свои забелешки. И таму имаме слична ситуација како во Чаир, дури револтот таму е уште поголем поради тоа што од овој огранок не доаѓа ниту еден предлог за во извршна власт, а од Чаир има две имиња на Османи и Груби, иако без одобрување на огранокот.
Двојката Меџити – Блерим Беџети собрале голем број на гласови во изборите на 15 јули, над 20 илјади и активистите на овие ограноци сметаат дека треба да бидат претставени во извршната власт.
Незадоволство има и во другите ограноци но јавни реакции нема и ја прифатиле одлуката на претседателот Ахмети. Од ДУИ за ТВ21 изразија загриженост дека нивната партија се соочува со вакви проблеми, но велат дека сепак вакви ситуации имало и порано, и истите биле надминати.
Некои од изворите на ТВ21 велат дека Ахмети има трпение, донел одлука за предлозите, но не се исклучува можноста во случај да продолжат недоразбирањата во партијата, тој целосно да се откаже од учеството на ДУИ во Влада и неговите пратеници да ги стави на располагање на албанската опозиција, но моментално ова изгледа само како шпекулација.
