Намалениот број на пациенти во последно време од Ковид-19, придонесе за затворање на неколку ковид центри во клиниките во Скопје и дел од капацитетите за ковид центри во болниците во другите градови, соопшти Министерството за здравство.
Затворени се ковид – центрите на клиниките за кардиологија, за ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија.
Од почетокот на неделава без ковид – пациенти се и Клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почнаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, а од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија почнуваат со редовен хируршки програм, стои во соопштението.
