Поради немање финасии не учествуваше на ЕП клубот „Ускана“ успешен, но без потребната поддршка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Карате клубот „Ускана“ од Кичево при секое учество на локални и балкански натпревари носи медали и златни пехари. Насекаде клубот се рангира на првите места. Победата ја носи посветеноста и работата, вели тренерот на клубот Неџби Дервиши. Како најуспешна натпреварувачка ја споменува Анастасија Минговска, која 7 пати била државен шампион. Клубот нема спонзор и затоа не успеа да настапи на Европско првенство, каде, како што рече Дервиши, Анастасија би го донела пехарот и победата во Македонија.

„Можам да истакнам дека како најдобар натпреварувач ни е Анастасија Минговска, која минатата година за прв пат учествуваше во категоријата на кадети каде освои прво место и беше избрана за да учествува во Европското првенство во Финска но поради финансиски причини не успеа да учествува, вели Дервиши.

Минговска освои првото место на државните натпревари како кадет при што обезбеди учеството на Европското првенство кое се одржа во август во Финска, но поради финансиски причини не успеа да учествува за да ја претставува Македонија и да се врати со победа во татковината.

Другиот каратист кој има шанси во иднина да учествува во светските сцени е Нуредин Дервиши. Тој досега освоил 150 медали, повеќето се за прво место.

„Имам 150 медали, повеќето од нив се за прво место. Сметам дека со работа може да се постигне сè, затоа тренирам секој ден бидејќи тоа е мојот сон“, вели Дервиши.

„Во секое државно првенство, во секоја категорија во две дисциплини во Ката и Кумите освојуваме прво и второ место, каде од седум члена кои се државни прваци, три члена се и балкански прваци Анастасија Минговска, Нуредин Дервиши и Тамара Ѓурѓиноска, тука е и Блерина Зендели која успеа да се пласира на 5-то место во Ката и 7-мо во Кумите, вели Дервиши.

Клубот функционира од 2006 година, а тренери се Неџби Дервиши и неговата сопруга, Јетмире Дервиши која е и судија со меѓународна лиценца.