Утрово од 06:50 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила (ТТВ) на патните правци Маврово–Дебар и Гостивар–Стража–Кичево, поради обилни врнежи од снег.
Надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат забраната и да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот. Екипите на терен работат на расчистување на коловозите и обезбедување на проодноста.
Се препорачува внимателно управување со возилата и задолжителна употреба на зимска опрема.
