Поради руски извидувачки авион над Балтичкото Море, НАТО крена борбени авиони „Јурофајтер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, НАТО лансираше два авиони од типот „Јурофајтер“ во воздух поради неидентификуван странски воен авион над Балтичкото Море, за кој подоцна беше утврдено дека е руски, објавија германските воздухопловни сили.

Во соопштението објавено од „Шпигел“ се вели дека неидентификуваниот авион летал во меѓународен воздушен простор без план за лет или радио контакт.

Како што беше објавено, пилотите на два воени авиони, пресретнувачи на Бундесверот, кои полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге, утврдија преку визуелна идентификација дека станува збор за руски извидувачки авион Ил-20М.